ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

April 24, 2026 00:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на Сител телевизија посочи дека по парламентарните избори во Бугарија се слушнал со Румен Радев и му ја честитал победата и ја истакнал заложбата за дијалог и добрососедски односи.

„Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада. Континуирано бараме средби, разговараме со нашите партнери во Брисел. Малку сме, како да кажам во една дилема, бидејќи кога ќе побараме преку нашите партнери во Брисел билатерална средба, тие велат нема што преку Брисел, треба директно да разговараме. Кога велиме, добро ајде директно да разговараме, тие велат ова е европски предлог. Една хаотична конфузна состојба, но тоа кое ние треба да го препознаеме е дека ние прво дома треба да си ја завршиме нашата домашна задача. Кога велам нашата домашна задача, тоа значи да си ги направиме реформите кои се поврзани со реформската агенда, да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. И во таа смисла од последниот извештај, што очекувам многу скоро да биде објавен од страна на Европкста комисија, имаме исклучително голем напредок во испораката. Буквално континуирано работиме со колегите од Владата за да ги исполниме тие индикатори кои што се дел од индикативната листа содржана во реформскиот план. И тоа зависи од нас и не зависи од никој друг.“, истакна Мицкоски.

Тој дополни дека неопходна е работа на полето на реформите, наместо коленичење и потпишување на бели листови хартија.

„Ако мислиме дека по линија на помал отпор ќе поминеме со тоа што ќе бидеме снисходливи, ќе коленичиме, ќе потпишуваме бели листови хартија, така далеку нема да стигнеме. Знам дека е тешко, проблеми има многу, знам дека трпението е се помало, знам дека и граѓаните се нестрпливи, логично е, поминати се децении, за жал поминати се многу политички елити кои што своите политички мандати ги завршуваа со многу сомнежи за криминал, корунеуспех и слично, но суштината на нашата работа е токму таа, проблемите да се решаваат, да не се создаваат нови. Ќе треба време, точно, но јас не можам да ветам дека ќе прифатам тоа што е спротивно и на моите убедувања и спротивно на тоа во кое што верувам, затоа што мислам дека тоа што го направи претходната влада, преставува историски најголемата капитулација која што некогаш некој можеше да ја направи за македонскиот народ.“, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вестите на ТВ Сител.

Премиерот посочи два примери кои според него се само потврда на блокадите со кои се соочува државата.

„Ние со нашите партнери работевме на изработка на Акцискиот план за малцинства. Како тие рекоа во Брисел, така ние работевме, со експерт од Стразбур за човекови права, буквално целиот процес го работевме како што бевме советувани. Една земја членка го блокира. Тоа е повторно нашиот источен сосед. Тој Акциски план ни е потребен, еве утре да одлучиме да влеземе во уставни измени, доколку тој документ не биде усвоен ние повторно не можеме да продолжиме со преговорите. Тоа е само уште еден индикатор дека ова не е последно. Само политичари кои водеа егзибиционистички и лековерни политики мислеа дека на тој начин ги решиле работите. Не е така. Еве ќе ви дадам втор пример. На покана на нашите стратешки сојузници САД поднесовме апликација за асоцијативно членство во иницијативата „Три мориња“ и таму сме повторно од страна на Бугарија блокирани. Не е работата наивна. Само наивни и мекотелни политичари мислат дека со тоа што бел лист ќе потпишат, или ќе клекнат на колена ќе ги решат работите. Не е така. Го слушав претседателот на СДСМ во ова студио, вели „ние сме ги провоцирале Грците и Бугарите“. Ништо не сме направиле.

Со што ги провоцираме? Со тоа што градиме гасовод со Грција? Со тоа што зајакнуваме преносни линии? Со тоа што направивме нафтовод кој што две децении беше цефка која што рѓосуваше, па сега ни ја поврзува рафинеријата со солунското пристаниште? Со тоа што го одглавивме коридорот 8 кон соседна Бугарија и ќе ја модернизираме во западниот дел? Ние не провоцираме никого. Не е провокација ако се борите за вашиот идентитет и став, тоа е принципиелен однос.“, појасни Мицкоски.

Next Post

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk