ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

April 24, 2026 11:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога некој ви дал одговорност да раководите со одреден ресор, да носите јавна функција, тоа значи дека треба да бидете лојален на оваа држава, а еден од начините да покажете лојалност е да бидете државјанин само на оваа држава, нагласи пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебата на „24 Анализа“ на ТВ 24. Тој истакна дека прашањето за двојните државјанства не смее да се користи за политички поени, туку мора да се решава суштински и одговорно.

„ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон до Собрание за двојните државјанства, односно Закон за пратеници со кој се предвидува дека пратеник може да стане само човек кој има само македонско државјанство. Ние дадовме поддршка на тој закон и интервениравме со амандмани во смисла на тоа дека тој закон треба да важи и за актуелниот пратенички состав. Не може да поднесете закон во Собрание за пратеници кој ќе важи за пратениците, а да немате ист таков закон за двојни државјанства и за членовите на Влада. Владата е таа и членовите на Влада кои имаат најголема одговорност, најголеми овластувања и затоа треба да важи и за сите избрани и именувани функционери“, рече Трајчулески.

Во дебатата, Трајчулески посочи дека очигледното ретерирање на предлагачите на законот во однос на уставноста, го отвора прашањето дали ВМРО стравува од последиците за внатрепартиско „пребројување“ на функционерите кои имаат бугарски државјанства. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ првично самоуверено тврдеше дека законот е уставен, за потоа нагло да ја сменат позицијата и бараат дополнителни експертски мислења, што како што кажа, остава впечаток на несигурност и калкулации околу тоа колку нивни функционери би можеле да останат без функции.

„Не постои поголема пародија, да се излезе како политичка партија, да се поднесе предлог-закон до Собранието, да се убедува јавноста и да се тврди дека е уставен тој закон, за потоа да кажуваат дека треба да се консултираат уставни експерти. Значи, имаме ретерирање на политичката партија која е подносител на овој закон, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, и на премиерот кој повикува, чекај да видиме дали е уставно или не е уставно. Се остава впечаток дека направиле пребројување во партијата, па виделе колку министри, пратеници итн. може да останат без мандат или треба да дадат лажни изјави. Па сега се враќаме назад или се повлекуваме. Затоа што знаеме дека официјално имаме луѓе со мандати, знаеме дека и во Владата имаме министри со двојно државјанство, тоа е јасно“, рече Трајчулески.

Притоа, тој потенцираше дека суштината на ваквите законски решенија треба да биде заштита на јавниот интерес и обезбедување целосна лојалност кон државата, темата за двојните државјанства не смее да се сведува само на едно конкретно прашање или држава.

„Цело време се потенцира дека ние влегуваме во некакви политички игри. Бугарија, прокси на Бугарија. Јас не знам зошто од ВМРО-ДПМНЕ упорно се препознаваат и/или се поврзуваат со бугарски државјанства. Значи, овој закон се однесува на сите двојни државјанства и на тој што има белгиско, и на тој што има германско, и на тој што има хрватско итн. Не треба да обврзуваме за бугарските државјанства.Кога некој ви дал чест, кога ви дал одговорност да раководите со одреден ресор, да носите јавна функција, тоа значи дека вие треба да бидете лојален на оваа држава и на тој начин еден од начините да покажете лојалност е да бидете државјанин само на оваа држава“, рече Трајчулески.

Најново

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

April 24, 2026

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

April 24, 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

April 24, 2026
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

April 24, 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk