ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Филипче: Ќе побараме продолжување на вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само тогаш

Тој не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.

May 14, 2020 11:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.

-Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини, за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.

-Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата, рече Филипче.

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота.

Доколку биде донесена одлука да продолжи вонредната состојба и Владата достави предлог, Советот за безбедност треба да одржи нова седница в петок и претседателот да донесе одлука за нејзино продолжување.

Во спротивно, вонредната состојба поради корона вирусот, која првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота.

Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако не беше распуштено Собранието, ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Двете одлуки на шефот на државата за вонредна состојба беа предмет на дискусија пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

 

Next Post

ЕУ: Поради пандемијата на корона вирус помалку бегалци и баратели на азил

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk