Марјан Забрчанец, посебниот советник за односи со јавност во Владата, вели – Митинзи не смее да има!
Забрчанец на Фејсбук пишува дека постојат куп други побезбедни, поефикасни и попаметни начини на комуникација со граѓаните.
Тој истакнува дека митинзите одамна требаше да се исфрлат од политичката комуникација, и додава дека е сигурен дека ситуацијата со Ковид-19 оваа година ќе го гарантира тоа.
И СДСМ смета дека не треба да има митинзи за време на кампањата и партијата најавува дека собири од таков тип нема да организира. Во делот на водење кампања и претставување на кандидатите и програмата, најголем фокус ќе се стави на медиумското претставување, онлајн видео настани и друг тип на дигитална комуникација.
СДСМ смета дека единствено може да се разгледа можноста за организирање мали средби под строго утврдени услови, исклучиво според протоколите донесени од здравствените институции за заштита на граѓаните.