Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 зборуваше за организацијата на изборите и нивната важност во следниот месец до два.
„Сега процесот треба да продолжи од таму каде што застана. ДИК ќе одреди нови протоколи. Но, тоа не е ништо невообичаено. Во секој маркет има функционални протоколи со мерки на заштита. Треба да ги видиме сите протоколи околу изборите, тие потекнуваат од здравството и секако ќе имат заштитни елементи. И граѓаните имаат потреба за олабавување на мерките, имаат потреба од отворање на продавници, угостителски објекти. Но ако имаме функционални продавници, ресторани, спортски терени, зошто да не можеме да организираме изборен процес? Немаме нивкакви гаранции, имаме веројатност дека бројот на заразени ќе се менува, особено на есен. Затоа велам дека ова е моментот за избори, на есен ќе ни биде многу потешко за организација.“- категоричен беше Манчевски.
Тој посочи дека сите олабавувања на мерките ќе бидат проследени со протоколи.
„Првите чекори на олабавување на мерките ги направивме, но има протоколи, кој како да се однесува и кој што да почитува. Затоа и се продолжи вонредната состојба. Муслиманите се во рамазанските пости и има опасност од големи собирања, како што имавме проблеми на Велигден и на Први Мај. Ние никогаш нема да кажеме дека се ќе биде исто во догледно време. Но, во време кога стивнува вирусот мораме да ја искористиме шансата за избори“- рече Манчевски.