МАРЈАН Забрчанец, посебниот советник за односи со јавност во Владата, вели – Митинзи не смее да има!
УСТАВНИОТ суд на денешната седница донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката за посебен режим за движење на помладите од 18 и на повозрасните од 67 години. Со тоа, овие лица ќе можат да се движат како и останатите граѓани, од 5 до 19 часот.
САД обезбедија 16 милиони долари за антикорупција, иницијативи за млади и економска конкурентност во земјава.
МЕТЈУ Нимиц за патот до Преспанскиот договор. Патот кон успех се отвори во 2017. Кога премиерот Зоран Заев во 2017 година посочи дека вакво нешто може да биде прифатливо за Скопје со оглед на решавање на сите други прашања, вклучително и заштита на идентитетот на македонскиот народ – основата на договорот започна да се оформува.
ВО КАБИНЕТОТ на Претседателот „Вила Водно“ утре со почеток во 13:30 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
БРЗИ избори се можни и потребни, освен ако математиките на некои се поинакви – пишува Биљана Јордановска
ПРЕМИЕРОТ на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави дека Парламентот ќе биде распуштен в понеделник, 18 мај и го извести претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, кој има можност да распише избори за 21 или 28 јуни односно 5 или 12 јули.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.485.940 лица. Од нив починале 300.674, а оздравеле 1.687,565 луѓе.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на САД, Доналд Трамп, се закани со целосно раскинување на односте со Пекинг поради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19.
ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ во Само вистина на Канал 5:
– ЧУЛЕВ, јавно кажа дека нема намера да ги спроведува мерките за заштита на здравјето, ова е дегорирање на правниот систем. Самиот си изјави нема намера да презема мерки во религиозни објекти и на верски настани.
– НА ИЗБОРИ ќе се оди со протоколи за заштита на здравјето, граѓаните се безбедни.
– ИМАМЕ НОВ, трет пакет економски мерки вреден над 500 милиони евра. Станува збор за сериозна поддршка, 550 милиони евра инвестираме кон граѓаните и кон економијата со цел полесно да закрепнеме.
Ј. Ѓорѓиоски