Во гостување во емисијата Евро Фокус на Телма телевизија, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна дека во државата имаме електронски регистар на население, како и платформа за достава на електронски услуги на граѓаните.
Го имаме електронскиот регистар на население, ретко нешто коешто го имаат и дел од западно европски развиени земји, имаме платформа за достава на електронски услуги на граѓаните. Знаат граѓаните и затоа бевме во можност тоа да го направиме, дозволите за движење во овој период на криза, аплицирањето и нивното добивање беше единствено и само електронски, не на хартија, вели министерот.
Имаше гужви пред врата, граѓаните со хартии доаѓаа, ги враќавме назад. Ние го имаме активен регистарот на население и имаме активен портал за електронски услуги. Имаме 10.000 активни корисници, пред почетокот на кризата, а откако почна кризата имаме само 17.000 активни корисници. 1 милион граѓани имаат пристап и валиден законски основ да добиваат електронски услуги сега во овој момент преку порталот за електронски услуги. Од законски аспект ги изедначивме електронските документи подеднакво на исто законско ниво како оние на хартија, рече Манчевски за Евро Фокус на Телма.