ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Словенија ги отвори градинките и училиштата, повторно работат и внатрешните делови на рестораните

Градинките, во кои важат строги правила со цел спречување на ширењето на корона вирусот, од утрово ги отворија вратите за децата, кои повеќе од два месеца беа дома.

May 18, 2020 11:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Словенија денеска децата се вратија во градинките, а дел од учениците почнаа со настава, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Градинките, во кои важат строги правила со цел спречување на ширењето на корона вирусот, од утрово ги отворија вратите за децата, кои повеќе од два месеца беа дома.

Повторно работат и училиштата, но само за учениците од прво, второ, трето и девето одделение. Според словенечкото Министерството на образование, утрово во училиште дошле вкупно 64.497 ученици, односно 34,5 отсто од вкупниот број основци во земјата.

Од денес отворени се и установите за престој и образование на деца со посебни потреби.

Инаку, според одлуката на Националниот институт за јавно здравје, наставниците и предавачите ќе мораат да носат заштитни маски, а просториите треба комплетно да се дезинфицираат неколкупати во текот на денот.

После точно два месеци во Словенија од утрово се отворени и внатрешните делови на рестораните и кафулињата.

Викендот што измина сопствениците на угостителските објекти го искористија за адаптација на овие простори за да можат од денес да работат почитувајќи ги сите препораки за заштита од корона вирусот.

И покрај тоа што земјата прогласи крај на епидемијата, сите гости при при влегувањето во затворениот дел од рестораните и кафулињата задолжително ќе мораат да носат заштитни маски, сѐ до оној момент кога ќе седнат на масите, кои ќе бидат меѓусебно раздалечени два метри. Персоналот ќе мора цело време да носи маска, а објектот редовно ќе се чисти.

Со ваквата одлука се задоволни во словенечката Комора на угостители, бидејќи се жалеа дека работата само на надворешните делови од објектите не е доволна за тие да бидат рентабилни./МИА/

Next Post

Сточарите нема да поднесуваат барања за субвенции за млеко, процедурата ќе ја спроведува Платежната агенција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk