Владата денеска ќе ја одржи 160. седница на која ќе ја разгледа Предлог-програмата за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, известува МИА.
На предлог на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе биде разгледана информацијата со Програма за измени и дополнувања на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година.
Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а Министерството за труд и социјална политика информацијата за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава.
Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за 2019-2020 година за реализација на Стратегијата за иновации на Република Македонија за 2012-2020 година.