Неодговорноста и незрелоста и мислењето само на партиската фотелја на Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ доведе до тоа да нема договор со консензус. Наместо да се стават потребите на граѓаните на прво место, тие ги стават партиските. Не сум видел политичар со ваков страв од сопствените граѓани, изjави претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба.
На денешниот состанок, господинот Мицкоски не кажува дека како ќе се свика Парламентот. И не може да каже, зошто нема друг начин да се свика Парламентот. Не спомна ни за напуштање на Владата, а техничката влада е направена токму за избори. Бараше Мицкоски од Комисијата за заразни болести да каже дека на почетокот на август ќе има О (нула) починати“, изјави Заев.
ОБСЕ- ОДИХР одговорија дека се подготвени да се распоредат штом се ќе одреди датумот за избори и почитувајќи ги протоколите за отворањето на границите и здравјето на граѓаните. Наместо да се стават на прв ред интересите на граѓаните, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ водат сметка за нивниот интерес. Мицкоски и ВМРО сакаат да се одолговлекува здравствената и економската криза и да дојде новата институционална криза. Ние тоа нема да го дозволиме. На граѓаните им треба враќање на нормалното функционирање, рече Заев.
„Изборите се закажани, прашање е дали се има волја да учествуваме на избори. Очекувам да се подготват сите процеси на институциите кои се задолжени да ги завршат своите работи. На македонските граѓани им требат стабилни институции и враќање во колосек на интеграции, функционално собрание и Влада со полн капацитет. Џабе е бегањето од изборите на ВМРО и Мицкоски, избори ќе има и тие ќе губат на тие избори, изјави Заев.