Претседателот на Беса, Биљал Касами по лидерската средба изјави дека институциите треба полека да го укинат полицискиот час, да се почитува мерката за носење маски и физичко растојание и граѓаните психички да се подготват за избори.
„Движењето Беса е за избори во јуни, но за да дојде до тоа мора да се укине вонредната состојба прво. Беса е изборите да бидат во рамки на Уставот и законите за натаму власта која ќе произлезе од овие избори да може подобро да се справи со економската и здравствената состојба. Ние со политичка одлука ги одложивме изборите и сега течат роковите од претходно и останува Владата и претседателот да одлучат кога ќе се укине вонредната состојба, а потоа да се определи и датумот. Посакувам бројот на заразаени и починати да се намали, но истовремено апелирам институциите да ги подготват граѓаните за избори“, изјави Касами.