ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Жерновски: На Мицкоски му е неопходна политичка криза за да ја продолжи сопствената политичка кариера

На напорите на СДСМ да се дојде до консензус за ова прашање, треба да се гледа како акт на демократичност и политичка култура. На онаа култура која не постоеше цели единаесет години, а чие однесување и ден денеска претставува базична матрица на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

May 19, 2020 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Како владејачка партија која изминативе три години од постоењето на новата Влада упорно инсистираше на конечно функционирање на правната држава, би било крајно недоследно сега да го промениме тој курс, вели Андреј Жерновски во пост на Фејсбук.

Токму затоа е сосема јасно зошто СДСМ инсистира на следење на правецот зацртан во Уредбата со законска сила од 21 март 2020 година, со која се утврдува динамиката на изборниот процес, започнат сo распишувањето на изборите на 16 февруари 2020 година. Во наведениот акт, изборните дејствија треба да продолжат во рок од еден ден од денот на престанокот на вонредната состојба. Оттука, секој друг и поинаков обид за делување на било кој политички чинител ќе значи директно поткопување на државниот правен поредок.

На напорите на СДСМ, преку договор и изнесување на аргументирани ставови да се дојде до консензус за ова прашање, треба да се гледа исклучиво како на акт на демократичност и политичка култура. На онаа култура која не постоеше цели единаесет години, а чие однесување и ден денеска претставува базична матрица на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

За жал, неизвлекувајќи поука од таквото погубно однесување, партија на Груевски и Мицковски продолжува со својата деструктивна политика на уценување и блокирање, носејќи ја  државата во немирни и матни води, во кои они умеат најдобро да пливат.

Да не се залажуваме- таквата политичка криза на Мицковски му е неопходна за да го продолжи траењето на сопствената политичка кариера. Тој не само што ќе ги интензивира активностите за пролонгирање на разрешницата, туку злоупотребувајќи ја состојбата со коронавирусот и флертувајќи со неа, ќе биде најсреќен до разрешница воопшто и да не се дојде. Затоа, во оваа мала јавна тајна има една голема вистина- по било која цена ќе се обидува да го избегне изборниот мегдан и извесниот пораз, дури и по цена државата да загази во целосна политичка и економска блокада.

Па сепак, се разбира, многу поважно од продолжувањето на политичката кариера на Мицковски е одржувањето на правната држава. Како земја која започнува преговори со ЕУ, потфрлувањето во правните процедури и во фукционалноста на демократските институции е недозволиво, особено што истите се во првиот столб на новата методологија за пристапување во Унијата.

Треба да ни биде јасно на сите дека повеќе нема простор за институционални манипулирања и поткопувања на правниот систем.

Таа работа заврши!

Next Post

Фатон Асани на ФБ: Точно е тоа дека Агенцијата за управување со одземен имот донира возила

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk