МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, по увид со градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, меѓу неколкуте значајни подобрувања во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, го истакна и зголемувањето на капацитетот за паркинг и поголемата поврзаност на целиот кампус.
ПОЛИЦИСКИОТ час за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, според предлогот на Комисијата за заразни болести треба да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Овој предлог Комисијата го достави вчера до Владата.
ЛИДЕРОТ на СДСМ, Зоран Заев за ТВ Стар: Препораките на СЗО се јасни, избори кога е најбездно е пред летото. Да им дадеме на граѓаните да одлучат за државата да биде стабилна, со сигурни институции, со трансформирана економија, за да може со полн капацитет да се справи со сите проблеми што се пред нас
НЕМА можност за свикување на распуштениот парламентраен состав. Собранието може да се врати само по следните избори, изјави претседателот на Парламентот Талат Џафери за „Клик плус“ на ТВ21.
ФИЛИПЧЕ: Угостителските објекти ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок. За границите сѐ уште е рано.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, како дел од третиот пакет мерки ја посочи поддршката за лица до 29 години преку ваучери за кофинансирање трошоци за тренинзи и обуки. За ваучерите предвидени се 3 од вкупно 12 милиони евра за сите мерки за млади во пакетот, пишува Николовски.
МИНИСТЕРОТ за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на средба со претставници од фондацијата Метаморфозис разговарале за проектот Civic Participation in the Digital Agenda – #ICEDA.
ПОТРЕБНИ се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз.
МЕТЕОРОЛОШКИОТ сервис „Аку ведер“ објави прогноза за претстојното лето, според која, во Европа ќе биде многу топло, па на некои делови од континентот им се закануваат големи суши, силни бури и шумски пожари.
ВРЕМЕТО денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози.
А. Н. Стојчевски