Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма. На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза, објави министерот за здравство Венко на фејсбук профилот.
Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот, напиша Филипче.