ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Се отвори изложбата „Мал битолски Монмартр“ без традиционалниот детски џагор

Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола, рече градоначалничката, Наташа Петровска.

May 23, 2020 17:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола во предвечерието на патрониот празник ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.

Според традицијата, отворена е изложба на слики кои пристигнаа од сите меријани, но младите ликовни уметници останаа дома, во своите држави заради пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Годинешен добитник на наградата Гран-при е Мариа Дума од Букурешт, а статуетката ја прифати почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис.

– Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни. Оваа манифетација е навистина траен белег за Битола и за битолчани, истакна Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет, а на изложбата во Битола денес беа претставени 717 најдобри цртежи./МИА/

Next Post

БЕЗ ФИЛТЕР: Прашања до Мицкоски за случајот „Теретана“ и други возбудливи теми (видео колумна)

Најново

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk