ДВАЈЦАТА пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.
ДИМИТРОВ ѝ се заблагодарил на норвешката влада за помошта во вредност од 3,2 милиони евра за медицински материјали и препарати за справување со пандемијата. Од тие средства беа набавени респиратори со што беше зајакнат капацитетот на здравствениот систем во справувањето со Ковид-19.
ВО општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 46.
ВО Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на домашно лекување. Инаку, во градот веќе четврти ден нема новорегистриран со Ковид-19 или од 21-ви мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 лице.
ИГОР Стефановски Иџе секој момент треба да тргне од населбата Лисиче во Скопје и со својот тркачки автомобил да помине низ Аеродром и Центар, сѐ до крајната дестинација, населбата Карпош, во чест на „нашите херои“.
ЕРОЛ Шаќири на Фејсбук: Нашиот верник пред Господ.
ВРШИТЕЛОТ на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои тие ќе се одржат во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во месец јули.
ИЛЈАДНИЦИ велосипедисти учествуваат на неделните протести на улиците на словенечката престолнина Љубљана и други градови против партијата која дојде на власт на 13 март 2020 г.
ШПАНИЈА од 1 јули ќе го укине двонеделниот карантин за странските туристи, објави денеска шпанската Влада.
A. H. C.