НОВИТЕ 11 тестови што беа направени вчера, потврдија пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во Штип. Од новите пет позитивни случаи, четири се вработени во една иста конфекција, од каде веќе има две заболени работнички, потврдени во петокот и саботата.
МИЦКОСКИ даде невистинита изјава – Не поддржував карантин ниту за Велигден, ниту пак сега. Мицкоски многу јасно ги подржал таквите мерки на здравствено-државните власти и тоа во обраќање до јавноста.
ЦЕЛОСНА ремедијација на почвата, но и на подземните води мора да се направи на речиси десетици илјади квадратни метри површина која му припаѓа на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Обврската е на државата, која сè уште е сопственик на земјиштето.
МАКЕДОНСКОТО здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата Oд исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата, за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема, велат од СДСМ.
ИТАЛИЈАНСКАТА Влада преговара со земјите на Европската унија за рестартирање на европскиот туризам на 15 јуни и за отфрлање на таканаречените туристички коридори кои ја исклучуваат можноста за запирање во одредени земји, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.
ЗАПОЧНУВА со работа во специјализираната– ИЗОЛИРАНА Covid 19 амбуланта за лица заболени од Ковид-19 која функционира според стручно изготвен протокол за работа согласно препораките од СЗО, соопштија од Стоматолошкиот клинички центар Свети Пантелејмон.
ПО повод 10-то јубилејно издание на скопскиот летен фестивал „Здраво млади“, на 27 август во паркот на Младинскиот културен центар ќе се одржи 12-часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена.
АКО сака ВМРО-ДПМНЕ да биде повторно важна и релевнатна политичка партија, време е да го шутне овој неталентиран незнајко Мицкоски и доведе нормални и некомпромитирани луѓе на чело. Во спротивно уште долго ќе се валкаат во сопствената смрдеа. – пишува Ненад Јовановиќ.
„СТУДИЈА за валоризација на Шар Планина“ е клучниот документ од речиси 700 страници што беше завршен во март 2020 година, по што постапката за прогласување на масивот за национален парк отиде чекор напред со одлука на Владата на 5 мај за прифатливоста на иницијативата.
ВО Рим се воведени казни до 500 евра за фрлање ракавици и заштитни маски на улица, според наредбата потпишана од градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи.
ВКУПНО 289 лица за време на продолжениот празничен викенд не го почитувале полицискиот час, од нив 187 се приведени, а 355 граѓани се санкционирани за неносење лична заштита на лице.