ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: ДПМНЕ манипулира со статистиките за смртност, в сабота одлука за вонредната состојба, онлајн претстава „Илузии“, техничката влада не може вечно да трае…

Блок вести во 18,00 часот.

May 28, 2020 18:20
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

КОМПРОМИС со Уставот нема. Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Карбинци.

Како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и истраги, посочи премиерот Оливер Спасовски по денешното тврдење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека неотстранувањето на посредничката улога на Агенцијата за национална безбедност при следењето на комуникациите, говори дека реформите во безбедносните слушни се само замајување на јавноста.

МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук ја објасни бројката на смртни случаи во земјава и потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со таа бројка и со статистиките за смртност од коронавирус во споредба со регионот.

РЕМЕНСКИ: Келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол! Во ниту еден друг случај!

ОСНОВНИТЕ училишта во Кочани се подготвени за уписот на учениците во прво одделение што ќе почне од понеделник, а што поради здравствената криза со Уредбата за примена на Законот на основно образование во вонредна состојба, годинава ќе трае до 30 јуни.

СОВЕТОТ за безбедност в сабота напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

ОСМАНИ: Сметам дека не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули.

ШЕКЕРИНСКА: Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет.

АМЕРИКАНСКИ воени авиони утре со лет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО.

ДИПЛОМАТИТЕ и високите функционери во Брисел одблиску ја следат ситуацијата со изборите и преговорите помеѓу власта и опозицијата. Тие бараат консензус, но потсетуваат дека техничката влада „не може вечно“ да трае.

УЛИЦАТА Св. Кирил и Методиј добива нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри, која се доби со стеснување на постојните три коловозни ленти од 3,5 на 3 метри, известуваат од Град Скопје.

ОСНОВНИОТ кривичен суд – Скопје, по однос на казнените налози од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаат донесено пресуди за 723 лица.

РЕЖИСЕРКАТА Нела Витошевиќ најави необичен театарски подвиг заедно со одбрани колеги кој за 10-тина дена ќе биде достапен за публиката. Имено, станува збор за театарска претстава која учесниците целосно ја подготвиле во услови на изолација, секој од дома, по започнување на полицискиот час.

Претставата „Илузии“ е според мотиви од истоимената драма на Иван Вирипаев, а екипата од претставата воопшто не се имала сретнато во живо додека траело спремањето.

СПОРЕД денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има 4 нови позитивни случаеви од кои 2 се од истата текстилна компанија.

МТСП: Извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.

Во РАМКИТЕ на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се подели помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари.

Во ПОПЛАДНЕВНИТЕ часови околу 14:30 часот се случила сообраќајна незгода со смртни последици. во главниот град, на булеварот „Александар Македонски“.

ФРАНЦИЈА забележа драстично зголемување на невработеноста, како причина од воведените ограничувања поради борба против коронавирусот.

БЕЗ разлика дали е изразен во долари, проценти или, најтрагично, број на изгубени човечки животи, неверојатен е билансот на разорната пандемија на новиот коронавирус во САД, се вели во анализата на Си-Ен-Ен.

А. Н. С.

Next Post

Бектеши: Ќе побараме од КЗБ преиспитување на протоколот за седење во угостителски објекти

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk