Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано, објави министерот за задрвство, Венко Филипче на Фејсбук.
„Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран ковид-19“ напиша Филипче.