ЧУЛЕВ работи само во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, неговите саботажи предизвикаа раст на бројот на заразени, велат од СДСМ.
ИЗБОРИ на есен се опасна идеја за здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19.
ГРАДОТ Скопје денеска ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.
МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.
ВО самоизолација се вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, советникот за односи со јавност на претседателот на Владата Марјан Забрчанец и градоначалникот на Сарај Висар Ганиу.
ФРОНТ – Лекарите не можат сами! колумна на Џабир Дерала.
ЗА предметот „Рекет“, завршни зборови ќе дават одбраната на првообвинетиот во случајот Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
ФРОНТ – Со бојкотот или врз него? колумна на Сашо Орданоски.
БРИТАНСКАТА кралица Елизабета Втора беше сликана како јава пони во паркот во Виндзор. Taa e позната по својата љубов кон коњите.
СТОМАТОЛОЗИ од Тетово бараат да имаат информации за заболени од Ковид 19 за да се заштитат.
СКОПСКОТО Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) соопшти дека од утре нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
СРПСКИОТ претседател Александар Вучиќ, по повод нападот врз лидерот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ, рече дека е ужасно кога кој било учесник во политичкиот живот е нападнат, но дека е важно државата да реагира брзо и ефикасно и да ги уапси двајцата напаѓачи.
ПОЧНУВА уписот на првачињата, 20-минутни паузи помеѓу термините за разговор со секое дете
ЛЕГЕНДАРНИОТ американски глумец, режисер, продуцент и филмски композитор, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден.
Ј. Ѓ.