Ги следевме сите реакции, а првата е разочарување. Одредени дадоа ветувања, а потоа ја префрлија грижата на другите. Сега и тие треба да поднесат одговорност, а всушност јавноста беше подготвена, а тоа беше дополнителен притисок останатите земји членки за да се произнесат позитивно. Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива, рече францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние кој денеска одржа прес-конференција во француската резиденција во Скопје каде одговара на сите новинарски прашања.
„Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам. Од една страна се силните емоции, но има и дипломатска страна, односно политички разговори за иднината на ЕУ, иднината која се подготвува во перспектива со нови земји-членки, но се прави и за куќата, ние разговараме за Брегзит но и за финансиите, а сето тоа влијае врз проширувањето. Има разделеност помеѓу очекувањата, но и ситуацијата во Брисел. Сето тоа беше поука за сите, за моите власти, но и за оние кои поради невнимание дале надежи, тие надежи остануваат наш фокус, но се работи за една етапа и тоа сакам да го изнесам преку вас до граѓаните“, вели Тимоние на прес конференција“, рече Тимоние.
Тимоние сепак нагласи дека не ги обвинува властите во Франција.
„Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива. Мислам дека перспективата, која од секогаш била јасна во француската страна беше пренесена на грчките и македонските соговорници, а таа беше загубена по пат. Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам“, рече Тимоние на прес конференцијата.
Според Тимоние, францускиот претседател Емануел Макрон јасно кажал дека има поразлична анализа од другите земји-членки на ЕУ.
„Претседателот Макрон јасно кажа дека има сопствена анализа поразлична од другите партнери, но сепак работите не се како што беа презентирани, тие беа презентирани тука како француско вето. Имаше сложена дискусија, и тоа беше кажано и во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи, нашата министерка направи извештај, имаше различни толкувања за Северна Македонија и Албанија, дали да се одвојат или не, но тие толкувања завршија преку француско-германски предлог, кој не беше прифатен од страна на другите партнери. Јас жалам што тој предлог не успеа и се случи одлуката да се навратиме на прашањето на самитот во Загреб. Морам да признаам дека се отвара прашањето за нашето сопствено функционирање, а за функционирањето на Унијата ќе мора да се разговара внатре. Мора да видиме што точно значи проширувањето“, вели Тимоние.
Тимоние нагласи дека одговорноста за недобивање на датум за преговори не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија дека на овој самит на ЕУ ќе биде доделен фамозниот датум.
„Клучните реформи во Македонија не се до крај исполнети, а на чуден начин фокусот бил префрлен само на еден од исполнетите предуслови, а тоа е Договорот од Преспа за името со соседна Грција“, потенцира Тимоние.
Да мислите дека сте држава за пример го одржува моралот, но дали навистина постои такво нешто, не можам да кажам. Земјата постигна внатрешен мир во едно многу тешко време и тоа треба да биде признаено. Модел на храброст е Преспанскиот договор. Но за држава за пример не можам да зборувам, тоа ќе ви го оставам вам. Не треба да се користи таа терминологија, туку треба да се фрлиме на работа“, рече Тимоние.
И.Т.З.