ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Филипче: Знаеме што се случува, до четврток ќе има одлуки за рестрикции на некои места, сведоштва на пациенти со Ковид-19 на Инфективна…

Преглед на вестите во 18,00 часот.

June 2, 2020 18:14
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ФИЛИПЧЕ: Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите и во зависност од анализите одлуката дали тие ќе се вратат ќе знаеме во наредниве денови.

Точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден или во четврток ќе се донесат соодветни одлуки, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

МИНИСТЕРСТВОТО за здравство информира за последните промени околу состојбата со Ковид-19 кај нас, преземените чекори во одредени посериозни ситуации, текот на скрининзите, и повторно упатува апел за следење на мерките и препораките за заштита.

ДИРЕКТОРОТ на ДПИ Стојко Пауновски: Државниот пазарен инспекторат изрекол 856 опомени и поднел 26 кривични пријави во врска со спроведувањето на протоколите за работа. При контролите е утврдено и дека дел од тие кои почнале со работа во летните тераси се нерегистрирани и по тој основ за 41 субјект се изречени прекршочни пријави и се издадени платни налози.

Во ПРИЛОГ на телевизија Телма, некои од пациентите примени на Инфективната клиника во Скопје говореа пред камерите за нивните искуства, стравот за сопствените животи, но и борбата на медицинскиот персонал кој неуморно се бори за секој човечки живот.

СМЕТАМ дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам, изјави Катица Јанева, во завршен збор за случајот „Рекет“.

ДИРЕКТОРКАТА на ДЗСИ рече дека будно се следи состојбата со кластерите на заразени со КОВИД-19, коишто се појавија во штипските конфекции. Во Штип издадени се 55 решенија за самоизолација на позитивни случаи и 169 решенија за лица коишто имале контакти со позитивно дијагностицираните. Направени се вкупно 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработени во веќе споменатите правни субјекти во Штип.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Чаир, Висар Ганиу, на својот Фејсбук профил информираше дека неговиот резултат од тестот за корона вирус е позитивен.

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

ЕВРОПСКАТА Комисија денеска го презентираше предлог буџетот 2021-2027 во делот на надворешната политика и проширувањето. За земјите од Западниот Балкан и Турција се предвидуваат 14,5 милијарди евра, предлог кој треба да го прифатат Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.

СОПРУГАТА на поранешниот полициски службеник Дерек Шовин, Кели Шовин во барањето за развод поднела и барање за промена на презимето, како и сопственост на нивните две куќи, стои во текст на CNN.

За ЧЕТИРИ дена, на 6 јуни, астероид класифициран како „потенцијално опасен“ ќе ѝ се доближи на  Земјата, соопшти НАСА.

 

Next Post

Неофицијално: Братот на локален политичар од Петровец фатен на дело со багерот, приведен во полициска станица поради нелегален ископ на песок / ДЕМАНТ од градоначалникот Митевски / ИЗВИНУВАЊЕ од Фронтлајн

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk