Платежната картичка, со која државата во рамките на мерките за справување со коронакризата, им доделува финансиска поддршка на невработените и лицата со ниски примања, наиде на особено внимание од медиумите во регионот.
Под насловите „Македонија лансира картички „Купувам домашно“, „Македонците добиваат пари од државата“, медиумите во Србија, Босна, Црна Гора и Хрватска информираат за платежната картичка, наведувајќи ја како пример за справување со кризата. Медиумите наведуваат дека граѓаните на Македонија, оваа недела ќе ја добијат картичката „Купувам домашно“, со која им се помага полесно да ја пребродат кризата, но и се стимулираат навики за безготовинското плаќање и се сузбива сивата економија.
Медиумите во регионот објавуваат дека владата на Северна Македонија ќе префрли 25 милиони евра наменети за купување домашни производи кај граѓаните, директно од буџетот, преку модерен систем на аплицирање, без луѓето да бидат присилени да одат по институциите.