Феноменалниот филмски дар и македонски кандидат за Оскар „Медена земја“, не престанува да ја воодушевува публиката и да собира престижни награди низ филмиските фестивали ширум светот. Овој пат во низата ја нареди и наградата „Pare Lorentz“ за 2019 година.
Оваа награда се доделува во склоп на најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА „Интернационалната Документарна Асоцијација“. „Медена земја“ е номиниран во уште три категории чии победници ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на „Парамонт“ во Лос Анџелес.
Филмот е номиниран во категориите: најдобар документарен филм, најдобра режија: Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и за најдобра кинематографија: Фејми Даут и Самир Љума
Ј.Ѓ