„Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од Lonely Planet.
Државата од изолирана земја ја направивме посакувана туристичка дестинација за светските патувачи, кои се во потрага по вкусната македонска храна, убавите домашни вина и уникатната природна убавина на нашите бисерни езера и убави планини.
Факт за подобрениот туризам е и извештајот на ДЗС кој вели дека во првите 8 месеци од 2019, бројот на странски туристи се зголемил за 2,7%, а само во август зголемувањето е 4,7%“, пишува Премиерот Заев на својот Фејсбук профил