Околу 15 семејства вкупно носат 90% од новите случаеви, што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери. Има и нови случаи кои не можат да се поврзат со овие семејства. Имаме втор бран кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирања. Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но да останеме максимално внимателни и претпазливи.
Вирулентноста значајно слабее. Анализата на симптомите на новите случаи во изминатите 7 дена укажува дека има случаи кои се асимптоматски и се многу лесни симптоми – близу 90%. Но, оваа воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен.