Ливерпул ќе понуди нов договор на Вирџил ван Дајк, кој ќе има уникатни параметри.
Според „Фудбал инсајдер“, договорот ќе биде за цели седум години, што би значело дека по сè изгледа дека Холанѓанецот, кој ќе наполни 29 години следниот месец, ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.
Вредноста на договорот ќе биде над 50 милиони фунти, т.е. Ван Дајк ќе добива повеќе од 200.000 фунти неделно.
Тековната плата на централниот дефанзивец е 125.000 фунти неделно, а во договорот, од кој останува уште три сезони, има многу бонуси. Бонуси ќе има и во новиот договор.
Ван Дајк веќе има 113 натпревари за Ливерпул, а тој треба да добие 4 милиони фунти кога ќе достигне до 150 натпревари во дресот на Ливерпул.







