СПАСОВСКИ: Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап.
ЗАЕВ на Фејсбук: Изградбата на браната Конско во Општина Гевгелија ја започнавме пред две години, а денеска е завршен околу 60% од проектот. Ова е инвестиција вредна 40 милиони евра која ќе биде целосно реализирана до крајот на годината.
МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски, Горан Сугарески во пост на Фејсбук соопшти дека интензивно се работи на оспособување на инфраструктурата за отворање на граничниот премин со соседна Грција, „Маркова нога“ кај Преспа.
САКАМЕ учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. Ќе бидеме подготвени за какво било сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми.
МИНИСТЕРОТ Филипче, во чест на неделата посветена на сите оние кои ја добиле битката со карцином, објави видео од еден од пациентите на Клиниката за детски болести кој ја победил болеста и со симболично удирање на ѕвоното ја напуштил установата.
Со ЗГОЛЕМУВАЊЕТО на бројот на заболени од ковид-19, пропагандната машинерија, чиј дел се и бројни влијателни медиуми со делумна унгарска сопственост, деновиве со голем интензитет ги обвинува муслиманите, особено Албанците и Ромите, како главни носители на коронавирусот и виновници за засилување на епидемијата.
БУНДЕСТАГОТ секоја година доделува 120 стипендии на дипломирани младинци од 42 земји за учество во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлучување.
ВОНРЕДНАТА состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Тоаа го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри.
ФЕДЕРЕР најверојатно нема да игра цела година, додека српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ јасно стави до знаење дека може да го пропушти УС Опен.
МВР соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци за граѓани кои не ја почитувале мерката за носење маски. На 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.
ГЛАВНИОТ директор и коосновач на Твитер, Џек Дорси најави дека „во иднина“ 19 јуни, денот кој во САД се одбележува укинување на ропството, ќе биде неработен ден за неговите две компании – Твитер и Сквер.
А. Н. С.