Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.
МИНИСТЕРКАТА Ангеловска ја промовира страната на која секој ќе може едноставно да провери дали му следува финансиска помош со внесување на матичен број.
Домашната платежна картичка ќе ја користат 324.479 корисници. Денеска е објавена конечната листа на веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и поранешен министер за транспорт и врски, на својата официјална Фејсбук страна пласира лажна вест. Мисајловски постира фотографија од велосипедска патека во Кирчдорф, Австрија и манипулира со јавноста дека тоа е во Македонија и изградена од актуелната власт.
ПОРТПАРОЛОТ на СДСМ, Љупчо Николовски, како одговор на лажните вести и дезинформации пласирани од Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, пласираше конкретни фотографии од неколку од досега сработените проекти на Владата предводена од СДСМ.
ФРОНТ: Пишува Џабир Дерала: Датумот за избори е завршена приказна.
ССМ денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.
МАКЕДОНСКИОТ полициски синдикат излезе со соопштение до јавноста во кое детално образложува со какви проблеми се соочуваат кадрите на министерството под капата на опозицискиот министер Чулев.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на ДУИ, Ахмети, денеска на прес конференција зборуваше за неговата идеја за прв премиер Албанец, но и покрај бучните најави од нивните симпатизери, на крај сепак немаше име на мандатар. Во неговата изјава, Ахмети го опиша премиерот со пофалби и убави зборови, но сеуште не знае кој ќе биде кандидатот.
По ПОВОД 10 јуни, денот на Воздухопловниот ВИНГ на Армијата, над Скопје прелетаа летала на Армијата, а министерката за одбрана Шекеринска го одбележа денот со пригодна церемонија.
А. Н. С.