ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажна вест на Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, манипулира на Фејсбук со фотографија од Австрија

June 10, 2020 12:59
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и поранешен министер за транспорт и врски, на својата официјална Фејсбук страна пласира лажна вест.

Имено, Мисајловски постира фотографија од велосипедска патека во Кирчдорф, Австрија и манипулира со јавноста дека тоа е во Македонија и изградена од актуелната власт.

Фактот дека и после 19 часа од објавата на оваа манипулација сè уште постот стои на Фејсбук страната на носителот од ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и покрај сите укажувања во коментари, дека не се работи за фотографија и ситуација од Македонија, укажува на тоа дека свесно Владо Мисајловски манипулира со јавноста.

Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ !? – пишува во најавата под лажната вест потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Снимка од екранот – Фејсбук пост, лажна вест на Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ

Она што е лесно да се провери е дека приложената фотографија со која манипулира Мисајловски е од велосипедска патека во Кирчдорф, во Австрија, постирана на порталот Merkur.de од извесен @Lorenz

Велосипедска патека во Кирчдорф, во Австрија, постирана на германскиот портал Merkur.de

Ова се дел од реакциите на Фејсбук, што може да се прочитаат во врска со оваа свесна манипулација на Мисајловски:

„Замисли на твојата лага залепиле се повеќе од 1400 партиски ботови, дури 221 споделувања. Е моја жалосна Македонијо кој сака да биде власт“.

„Каков срам за ДПМНЕ! Нивни бивши министри шират ноторни лаги за бескрупулозно да освојат некое поенче кај неупатените.“

„Точна локација да споделите, каде се наоѓа. Зошто не повикавте новинарски екипи да направат прилог. До кога ќе не труете со лажни вести⁉️
Но не сте вие криви овие што коментират се криви, вие да речите дека има живот на Марс сите ќе веруваат не размислуваат со своја глава“

„Да го објавеше некој друг ќе му поверуваме, ама оваа монтажа да ја објавиш ти како екс министер не ти личи, ама браво што има чипирани и сеуште ви веруваат на манипулациите и лагите со кои сеуште владеете“

Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски и поранешен потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски во јануари 2018 година е назначен за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а на последните предвремени парламентарни избори 2020 година е и носител на Изборна единица 2.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Филиче: Нови 125 позитивни на Ковид-19, моментално има 1.536 активни случаи

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk