ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Денеска „Илузии“ – прва виртуелна претстава на „Wonderland Theatre“

June 11, 2020 09:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот „Wonderland Theatre“ вечер во 20 часот ќе ја има својата прва онлајн изведба на претставата „Илузии“.

Од „Wonderland Theatre“ информираат дека претставата е работена според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев. Илузии е во режија на Нела Витошевиќ. Во оваа претстава улогите ги играат актерите: Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направил Васил Христов, додека музиката е на Огнен Анастасовски.

Претставата ќе се емитува од 20:00 часот на каналот на Wonderland Theatre, на Youtube  и потоа ќе остане на истата за публиката да може и понатаму да ја гледа. Публиката може да ја следи и на Инстаграм страна  и на Фејсбук.

Посочуваат дека оваа претстава е направена во време на пандемија и нејзиното создавање е поврзано со периодот на карантинот.

– Секој ден откако ќе започнеше полицискиот час, екипата се собираше да пробува на интернет платформите за комуникација. Тргнавме од идејата односно започнавме дебати околу тоа што би се случувало доколку пандемијата потрае подолго време?! Каков би бил светот?! Како би функционирале ние во новонастанатите околности?! Што би се случувао со уметноста, а што со театарот?! Дискутиравме, споделувавме разни сознанија и информации во однос на новите глобални околности и решивме да пробаме да направиме претстава во виртуелниот простор и да видиме што ќе добиеме како резултат на ова истражување. Екипата на крајот се договори да влезе во оваа не толку позната сфера и да одговори на предизвикот кој ова ново време го задава. Користејќи се со театарскиот пристап, но во виртуелниот свет, направивме претставата која ги отвара темите на љубов, неверство, оттуѓеност на луѓето како и празнотијата и минливоста на животот. Сметавме дека во вакви кризни времиња овие теми се актуелизираат кај секој човек. Оваа приказна ни ја раскажуваат четворица актери кои постојано влегуваат и излегуваат од улогите. Сите играат определена улога, но истовремено се и наратори на приказната, велат од „Wonderland Theatre“.

Од друга страна претставата отвора и еден друг документаристички аспект кој зборува за проблемита со кои се соочува, а и допрва ќе се соочува пост-пандемскиот театар. – Интересно во однос на процесот е и тоа што екипата се нема сретнато во живо. Целата комуникација и создавање на претставата се одвиваа онлајн. Се што е снимено е снимено во домашна изолација и со приватни телефони на екипата. Претставата е направена за месец и дваесет дена и трае 50 минути. Оваа виртуелна претстава e наш придонес и уметнички израз во оваа ново настаната состојба, наведуваат од „Wonderland Theatre“

Next Post

Спасовски: Домашната платежна картичка ќе ја добијат 324.479 граѓани

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk