ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 18 часот: Заев добитник на награда за човекови права, Џафери: Груби не е ни на листа за пратеници, нема што да збори за премиер…

June 17, 2020 18:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил и се заблагодари на Фондацијата Фридрих Еберт за, како што напиша, честа, но и одговорноста, поради добивањето на престижната Награда за човекови права за 2020 година.

Во МЕЃУНАРОДНАТА политика, Преспа стана синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот, а за нас дома тоа е Договорот кој го потврди и зајакна македонскиот идентитет, пишува на ФБ лидерот на СДСМ Зоран Заев.

ЦИВИЛ ја честита годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор и им оддава признание на лидерството и мудроста на лидерите на двете земји, Северна Македонија и Грција, кои го водеа процесот до негово успешно спроведување.

МЗ укажува дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на ГАК, Викторија Јовановска во врска со бројката на позитивни родилки на клиниката за гинекологија.

ЛЕКОТ дексаметазон се покажал како делотворен кај најтешко болните пациенти од Ковид-19, се користи и на Инфективната клиника и се покажал како корисен.

ЧЕТИРИЕСЕТ и девет крвни единици беа собрани денеска во крводарителска акција во Кавадарци. Со цел превентивна заштита од коронавирус, согласно на препораките од надлежните, сите крводарители носеа заштитна опрема, а им беше мерена и температура.

УЧИЛИШТАТА не смеат да им наплаќат на учениците за издавање сведителство за завршено образование, соопштија денеска од канцеларијата на Народниот правобранител.

Во ДИК утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

АРТАН не е ниту на листа на кандидати за пратеници, и не може да зборува за тоа што ќе се случи со изборот на премиерот. Вака му реплицираше неговиот сопартиец, Талат Џафери, кој е носител на листата на ДУИ во петта изборна единица, на шефот на кабинетот на лидерот Али Ахмети.

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА за економски прашања, Мила Царовска, денеска учествуваше на националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронска апликација.

ОПШТИНА Охрид веќе 3 дена отстранува урбана опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, известуваат нашите извори од терен.

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче соопшти дека има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови.

–  Филипче нагласи дека јавно ќе се објавуваат имињата на тие кои од „икс“ причини не може да им се поделат решенијата за изолација, а искуствата, како што вели тој, покажуваат дека луѓето многу често прават отпор, не соработуваат со инспекторите или со епидемиолозите или даваат грешни податоци.

РАСТ на бројот на заболени од коронавирусот бележат и земјите во нашиот регион. По еден пик на број на новозаболени од почетокот на пандемијата вчера имаа и Бугарија – 112, Албанија – 62, Косово – 141, Босна и Херцеговина – 45 и Србија – 59.

ТЕКСТИЛНАТА конфекција во која деновиве се регистрираат позитивни случаи на Ковид-19, а денеска имa уште неколку работници кои се заразени, се затвора на седум дена.

ESPRESSO: Чулев си прави политичка кампања на сметка на здравјето на граѓаните.

Во ШВЕДСКА бројот на починати од коронавирус достигна 5.041, а вчера изнесуваше 4.939.

А. Н. С.

Next Post

Министерот Димитров за значењето на името на новиот граничен премин „Маркова нога“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk