ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 12 часот: Не е точно дека имаме најголема смртност, МЗ најтранспарентни во регионот, БИРН за вистинските бројки во Србија…

June 23, 2020 12:07
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ТИМОВИ на ДИК деновиве ги проверуваат просториите каде што се извршува гласање, се со цел обезбедување на содветните безбедносни и здравствени мерки за заштита од Ковид-19 за време на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден“: Вака ја личи Армијата – со нови униформи. Честитки!

ШЕФИЦАТА на канцеларијата на СЗО кај нас, Џихан Тавила ја пофали транспарентноста на Министерството за здравство за точно и навремено пласирање на информациите за состојбата со коронавирусот и нагласи дека апсолутно не е точно дека имаме најголема стапка на смртност во регионот.

ОБЈЕКТИТЕ за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови или пак да ги обележат македонските производи со ознаката „Купувам домашно“ со цел корисниците на домашните платежни картички да можат полесно да ги препознаат.

Во ИСТРАЖУВАЊЕ на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) се наведува дека од 19 март до 1 јуни од Ковид-19 во Србија починале 632 лица, додека официјално беше објавено дека во тој период има 244 смртни случаи.

ДОДЕКА СДСМ прави сѐ за заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно и намерно ги кршат сите протоколи и мерки за заштита од вирусот  и го доведуваат во опасност здравјето на граѓаните.

ВЛАДАТА даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите и се намалува надоместокот за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби.

СЕВЕРНА Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, во која покрај членките имаат право да земат учество и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на интернационални проекти.

Во СЕДУМ општини во Србија е воведена вонредна состојба поради надојдените реки по обилниот дожд, изјави претсавникот на српското Министерство за внатешни работи, Горан Николиќ.

ГЕРМАНСКАТА полиција утрово спроведува рации во куќи кои наводно ги користат ултрадесничарски групи, кои германските власти ги прогласија за екстремистички.

A. Н. С.

Next Post

Македонска екипа со шампионско место во „League of Legends“ и второ место во „Counter Strike: Global Offensive“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk