Во фантастична атмосфера која може да се создаде и доживее само на регионалните собири, и со извонредна дружба и амбиент, помина 9 Регионален собир на навивачите на Ливерпул, одржан овој викенд во Скопје, ги пренесуваат своите впечатоци организаторите на собирот Macedonian Reds.
„Преку 400 луѓе од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, па дури и еден Скаузер од Ливерпул беа присутни во Скопје и направија да имаме неверојатна дружба и да се потсетиме дека “Ливерпул е една голема фамилија” и “You’ll never walk alone” не cе само празни флоскули, туку максими по кои се водат Црвените навивачи ширум светот, без разлика на националност, етникум, религија или било каква друга разлика.
Сите луѓе од соседните држави кои се вклучени во регионалните собири, кажаа дека од организациски аспект ова беше најдборо организираниот регионален собир до сега. Оттука, едно огромно благодарам на целиот тим на BackYard Lounge Bar & Kids Area кој заврши неверојатна работа од средувањето на целиот простор, преку обезбедувањето на најголемиот видео бим на досегашните регионални собири, до одличната и брза услуга. На нив не гледам само како на место во кое го одржавмме собирот, туку како рамноправни коорганизатори кои преземаа ист товар за организирање на собиров како и фан клубот. Големо фала за Fat Kitchen за превкусната храна која ја пофалија буквално сите присутни.
Собирот немаше да биде толку весел, гласен и динамичен доколку немавме кој да се погрижи за атмосферата, па неизмерно фала за Beta House Band и Irie Scratch кои направија супер штимунг, вклучувајќи низа навивачки песни во своите сетови. Благодарност и до сите луѓе кои фотографираа и снимаа на настанот, луѓето кои ни помогнаа за продажба на мерчот и организирањето на лотаријата, благодарност до дизајнерите за дизајните на маичките и дуксерите, фала на сите новинари, медиуми и портали кои информираа за собирот, како и сите останати кои помогнаа во организирањето и реализацијата на собирот.
И вака би можел до утре, а сигурен сум ќе заборавам некому да се заблагодарам, Она што не смеам да го заборавам е да ви се заблагодарам на сите кои дојдовте, се дружевте и си поминавте убаво на собирот. Вие сте единствената причина за која 7 години по ред луѓе од 6 држави организираат вакви собири. Продолжете да одите на овие собири, продолжете да ширите позитивна порака, пријателство и љубов и мотивирајте ги сите оние кои се двоумат дали да отидат на следниот регионален собир – да го направат тоа.
Се гледаме следната година во Црна Гора.“
Овој собир имаше и хуманитарна нишка – средствата собрани од организираната лотарија ќе одат за поддршка на лекувањето на Јана Арсовска.
32,022 денари е сумата која што балканските навивачи на Ливерпул ја собраа за Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА, известуваат организаторите.
– Сакаме од сè срце да им се заблагодариме на Liverpool FC Montenegro Liverpool – CROATIA fans LFC Serbia LIVERPOOL FC Slovenia Liverpool FC Bosnia & Herzegovina Liverpool FC Romania Liverpool Bulgaria
Благодариме од сè срце за вашето учество и се надеваме на многу повеќе и далеку поуспешни вакви акции, кои ќе донесат добро на оние на кои што им е најмногу потребно.
За крај, Јана, You’ll Never Walk Alone