ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Д-р Скано од СЗО: Одговорот од владата беше агилен силен и навремен, импресиониран сум од посветеноста на здравствените работници

June 25, 2020 17:12
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано рече дека од понеделникот, кога пристигнал во Скопје, остварил многу средби, меѓу кои со претседателот на државата Стево Пендаровски, со Комисијата за заразни болести, како и со претставници на верските заедници. Тој потенцира дека е импресиониран од пожртвуваноста на здравствените работници, кои неуморно работат за заштита на граѓаните од Ковид 19.

„Одговорот на Владата беше агилен, силен и навремен. Импресиониран сум од посветеноста на здравствените работници, на лекарите, на Институтот и Центрите за јавно здравје, и на сите останати кои неуморно работат за заштита на граѓаните од КОВИД-19. Конкретно ќе кажам, ставањето на структурите за одговор на оваа функција се случи рано, уште пред да се појави првиот случај. Агилното пренаменување на здравствените установи за лекување на болни од КОВИД-19, што овозможи болните да бидат згрижени, како и раните мерки за заштита на постарите луѓе во домовите за стари лица спречи голем број на смртни случаи, нешто што се случи во останатите земји. Повторното појавување на зголемен број случаи е нешто што може да се изменаџира, и затоа во иднина сите напори треба да бидат насочени кон спречување на ваквите појави. Ова ќе биде можно доколку власта и граѓаните си помогнат едни на други, и цврсто соработуваат. Ние како СЗО ја повторуваме нашата целосна поддршка за Северна Македонија и сме подготвени да ги прошириме нашите напори за зајакнување на тековните активности, како одговор со цел заштита на животот и егзистенцијата на луѓето.“, изјави д-р Фабио Скано.

Тој истакна дека Македонија била добар пример во Европа, за тоа како се справува со Ковид-19 и верува дека ситуацијата со заразата повторно може да се стави под контрола. Во однос на олабавување на мерките, д-р Скано рече дека секоја држава презема такви олабавување, но дека е битно рано да се идентификуваат позитивните на коронавирусот.

J. Ѓ.

Next Post

Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, со панихида во црква ја започна предизборната кампања

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk