Вечерва на социјалните мрежи беше објавена фотографија од промотивен материјал на ВМРО-ДПМНЕ. Според написите, оваа партија чиј слоган за претстојните парламентарни избори на 15 јули е „Обновата продолжува“, денеска во некоја од населбите на општината Карпош, меѓу другото делела и чорапи.
Рекламните спотови на партија деновиве наидоа на остри критики од јавноста, како и видео клипот со наслов „Исправи се Македонијо“ кој според здружението „Хендикеп Плус” е директна навреда кон лицата кои имаат посебни потреби да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите други.
„Асоцијациите на свиткани луѓе како понижени, помалку вредни и недостојни, на што може да асоцираат некои пораки и сцени во спотот, уште еднаш покажува колку е ниска свеста за негативните последици кои може да ги почувствуваат луѓето од овие групи кога се поставувуват во вакви позиции и добиваат таков третман. Многу неодговорно е таква политичка партија да нема сензибилност за специфичните психолошки реакции на луѓето кои имаат проблем со рбетот по нивното поставување во несоодветен симболички контекст“, посочија од Здружението.
Д.Е.