Конечно најдов време за да видам што нуди “Обновата“ за унапредување на родовата еднаквост.
Отидов на Find да не губам многу време и ги пребарував зборовите “жени“, “родова еднаквост“. Очекувано, родовата еднаквост како збор ја најдов само еднаш (1), а зборот жени, на 340 страници, само десет (10) пати.
Си реков, ајде не е се во квантитетот, можеби имат квалитетни предлози. Почнав да читам, останав без зборови, од многу работи, но една ми беше највпечатлива.
Во поглавјето 3. Социјална грижа и заштита на ранливи категории граѓани (ај ќе замижам што немат посебно поглавје за Родовата еднаквост), Мерката 2 им гласи:
– Ранливите групи-вклучени во пазарот на труд, а таму како Проект број 3 е – “Заштита на жената од сите форми на родово базирано насилство и жртвите на семејно насилство – РАТИФИКАЦИЈА НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА“.
Ратификација на Истанбулска Конвенција?
Ај застанале на Преродбата во 100 чекори, па надградена и сл… фала богу минато е, иако нит преродба нит 100 чекори не видовме. А тогаш имаа можност да ја ратификуваат Истанбулската Конвенција, ама не го направија тоа.
А сега Обновата ќе донесе ратификација.
И не ми беше чудно, зошто очигледно некој кој не се занимава со родовата еднаквост ја пишувал програмата, ама нејсе, имат посебен облик на организирање на жените во партијата, имаа жени пратенички, и тие требало да знаат дека Истанбулската Конвенција Е РАТИФИКУВАНА!
ЗНАЧИ РАТИФИКУВАНА Е, само 6 месеци по доаѓањето на СДСМ на власт, во декември 2017 година.
И не само што е ратификувана, Владата усвои и Акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција. И голем дел од активностите предвидени во Акцискиот план се реализирани. И да не должам, кој сака може да побара на интернет и ќе види што се е направено.
Ама зборот ми беше – Обновата нешто у Ренесанса застанала. Очигледно цела програма им е со веќе реализирани работи. Затоа и не продолжив да читам. Искрено немам време за губење…
Фејсбук пост на м-р Јована Тренчевска