ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, Османи и Димитров дебатираа за недобиениот датум во собраниската Комисија за ЕУ

Без разлика на сегашната состојба Република Северна Македонија е навистина пример на Балканот за тоа како се гради функционална мултиетничка демократија, со почитување на европските принципи на еднаквост, на солидарност, на компромиси, земја која како ретко која друга може да се пофали дека на правилен начин ги затвори сите поголеми отворени политички прашања, независно дали се тоа односите со соседите или внатрешните односи меѓу различните етнички заедници, меѓу различните политички, социјални или општествени целини, истакна Османи

October 29, 2019 15:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во отчетот пред пратениците на собраниската Комисија за европски прашања ја оцени како голема неправда и историска грешка одлуката на Европскиот совет да не и додели датум за почеток на преговори на земјава, пренесува МИА.

Во Комисијата за европски прашања денеска се одржа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по последниот Самит на Европскиот совет, на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

– Со одлуката на Европскиот совет од  јуни 2018 го почнавме објаснувачкиот скрининг, што е задолжителен пред почетокот на преговори. Сите овие настани нè охрабрија дека ќе добиеме датум, но оваа седница не е свикана за да си честитаме. Да немаме дилеми, неможноста на ЕС да донесе одлука и да не постигне консензус е неправда и историска грешка, рече Османи.

– Без разлика на сегашната состојба Република Северна Македонија е навистина пример на Балканот за тоа како се гради функционална мултиетничка демократија, со почитување на европските принципи на еднаквост, на солидарност, на компромиси, земја која како ретко која друга може да се пофали дека на правилен начин ги затвори сите поголеми отворени политички прашања, независно дали се тоа односите со соседите или внатрешните односи меѓу различните етнички заедници, меѓу различните политички, социјални или општествени целини, истакна Османи.

Во оваа насока тој потенцираше дека поканата за членството во НАТО, но и брзата ратификација од земјите–членки на алијансата која се одвива во текот на целиот овој период, претставува јасна порака од европските и светските пријатели дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, дека претставува дел од семејството на западните држави, и дека со право се надева на членство во сите мултилатерални организации кои припаѓаат на западната цивилизација.

– Чувството на изневереност од страна на ЕУ, не смее да нѐ оддалечи од европските вредности, не смее да нѐ оддалечи од патот на реформите, од патот на создавање пријатели од своите соседи, од патот на создавањето на функционално мултиетничко општество, од патот да создавање европска држава, по европски правила, стандарди и вредности, бидејќи нашиот пат бил, нашиот единствен пат е, и останува да биде европската перспектива и од тоа отстапување нема, посочи Османи во обраќањето.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров пред пратениците се осврна и на прашањето каде лежи одговорноста за последната одлука на ЕС.

Потсети дека Македонија во 2001 беше во група со Хрватска, доби статус кандидат за членство во 2005, а во 2009 ја доби првата препорака за почеток на преговори.

Тој ги цитираше заклучоците на ЕС од јуни 2018 година и рече дека ЕК го потврди тоа со својот извештај во јуни годинава.

– Но за жал во октомври немаше јасна и суштинска одлука од Советот, рече Димитров и го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Тулуз, според кој сега во ЕУ се дилемите околу прашањето за проширување.

Потсети на изјавите на Хан, Јункер и Туск, кои оценија дека недоделувањето датум за Северна Македонија и Албанија е погрешен чекор и историска грешка.

-Ние сме регион што се граничи со земјите-членки на ЕУ. Не може Унијата да биде цврста и стабилна, ако овој регион не стане суштински дел од Европа, рече Димитров и изрази жалење што сега во самата ЕУ нема толку силна политичка енергија за проширување.

– Тогаш кога имаше политичка енергија ние градевме споменици, додаде Димитров.

Истакна дека законот за јавното обвинителство е последната незавршена работа, иако како што рече тој закон не беше во закучоците на ЕК и подвлече дека при негово носење мора да се почитуваат црвените линии.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  пред да започнат обраќањата на Османи и Димитров ја напуштија седницата на Комисијата, откако пратеникот Антонијо Милошоски ја оцени денешната седница на Комисијата како владина забава.

Тој повика на дебата за оваа тема утре во Комисијата за надворешни работи и го покани таму да дојде министерот за надворешни работи Димитров.

На седницата беа поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk