Премиерот Заев изрази благодарност за гостопримството од страна на италијанскиот премиер Џузепе Конте.
„Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi.
Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом.“, порача Заев преку социјалните мрежи.
Заев во посета на Рим беше на покана од премиерот Конте.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Северна Македонија и за Албанија веќе во ноември.
По посетата на Рим, премиерот Заев доцна попладне ќе замине во Брисел на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Очекува и на таа средба до добие доплнителни информации кои се плановите, дали ќе има нова методологија за проширувањето и дали веќе се се работи на тоа.
Ј.Ѓ