ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

На границата меѓу САД и Мексико дневно апсат околу 1.400 лица

Речиси половината од сите притворени во септември биле деца или семејства, повеќето жртви на трговија со луѓе, рече Роберт Перез, заменик повереник на американската царина и заштита на границата.

October 30, 2019 09:58
in Uncategorized, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Апсењата на американската граница со Мексико или во нејзината близина во септември се намалиле на најниско можно ниво, но во последната една година нараснале за 88 отсто, што значи дека илегалната миграција и натаму претставува криза, ијзавија денеска американски официјални претставници, пренсува МИА. Бројот на апсења и лица спречени да ја минат границата во септември се намалил на 52.546, што е  речиси двојно помалку отколку во пикот забележен во мај, кога беа регистрирани 144.116 апсења, но се уште е за четири отсто повисок отколку во септември 2018 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп построгиот пристап кон имиграцијата го стави во центарот на работата во својот прв мандат и во кампањата за изборите во 2020 година.

Речиси половината од сите притворени во септември биле деца или семејства, повеќето жртви на трговија со луѓе, рече Роберт Перез, заменик повереник на американската царина и заштита на границата.

-Тие профитираат врз грбот на ранливата популација и заради тоа оваа појава се уште претставува криза, рече Перез на прес конференција пред граничната полицијаа на САД, на граничниот премин во Ел Пасо.

Првиот човек на американската гранична полиција и царина Марк Морген изјави дека имало „драматични чекори“ благодарение на промената на политката од Трамп и соработката со Мексико, но додаде и дека се уште премногу луѓе ја минуваат границата илегално.

 -Се случува дневно да има и околу 1.400 апсења. Тоа се уште е на ниво на криза, рече Мореген.

„Од вкупно 1,15 милиона апсења во една фискална година ширум земјата, најмногу од нив, точно 977.509, се регситрирани на јужната граница“, додаде тој.

Next Post

Канада повторно одби да го прими поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk