ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Кој Јанушев ќе го избираме, оној од предизборните митинзи, или Јанушев извршителот од Миле?

Шефе, не нѐ сакаат.

July 8, 2020 13:12
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Фрчат остри партиски јазици на сите страни. Фрчат и „аудио снимки бомби“, добро, фрчат и „аудио снимки петарди“ – се ближи финишот на предизборната кампања, која по многу што е специфична.

Политичарите инволвирани во разговорите се прават „на удрени“, ајде да се правиме и ние. Многу лесно е да се правиме како и ние да не сме слушнале ништо и да си бидеме една питома мирна демократска замја со позиција и опозиција што ги спротивставува своите изборни програми и џентлменски се бори со аргументи против својот политички противник. Но, не е така. Суштината е нели, дека „недоветноста“ на некои политичари им е карактерна особина, а народот реагира нервозно и многу нормално на тоа.

Го слушам генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата предводена од оваа партија во ИЕ 3, Игор Јанушев кој имал средба во Велес:

– Ќе се бориме за враќање на гордоста на Македонецот и на македонското национално достоинство.

Јанушев истакна и дека со многу труд, многу работа и вложување ќе се направат работите подобри за секого. Па спомнува Јанушев виткање на кичми, па пак се навраќа на доста било губење на достоинството… Вели, ќе се борел младите да не ја напуштаат Македонија.

И тука тоа и така се глаголи на јавни собири, пред избори, нели, каде овој Јанушев е носител на изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и сака да води држава, да биде дел од власта, најверојатно се надева на министерско место.

Еден друг (мора да е друг, нели?), а ист Јанушев, деновиве слушаме во разговор со тогаш неговиот шеф Миле Јанакиески, ќе делел боксови на негови сопартијки, ќе исклучувал лифтови за возрасни луѓе да се откажеле и да не одат да гласаат, го слушаме како со најверојатно негова колешка договара уништување на документи. Овој Јанушев што не го гледаме, туку го слушаме со неговиот карактеристичен глас, договара пријавување на дефект во ЕВН во точно определен час, договарал да се организираат партиски чартер летови за да се донесат гласачи од Италија и Швајцарија. Ним 100.000 евра за еден чартер лет им е мачкина кашлица, договараат 5, 6… колку што треба драги мои, можете ли да замислите колку е сето тоа забегано?

Па на крај се созема и констатира Јанушев, па му вели на Миле:

– Шефе не нѐ сакаат.

Нема изненадувачки, прашален, или изричен тон неговата констатација, туку едноставно со еден потврден и смирен тон вели: Шефе, не нè сакаат. Точка.

Па како да ве сакаат Јанушев? Се слушаш ли „а душо“ како ќе си тепал со боксови девојки од твојата партија, се слушаш ли како пред само неколку години, онака понизно кон твојот шеф Јанакиевски си извршувал највалкани партиски задачи. си исклучувал лифтови, си нарачувал дефекти на струја и што ли уште не. Се слушаш ли како си се договарал да уништуваш документи? Тие од вашето опкружување го гледале тоа, го чувствувале тој притисок, ја чувствувале, ако сакате, таа злобна аура која што ве следела низ годините на владеењето, сега само тоа на сите ни се потврди, по којзнае кој пат.

Искрено, многу грдо ми е кога ве слушам, просто не ми се верува дека вакви работи било можно да се случуваат. Искрено и им завидувам на тие што одлучиле да си водат строга ментална хигиена и се воздржале да не ги слушаат овие разговори.

Останува уште помалку од една недел до крајот на изборната кампања. Останете така драги мои, не верувајте никому, ни на она што го слушате во разговорите, не верувајте ни на она што единаесет години ви се случуваше. Не верувајте на ништо!

Верувајте на она што ви го говори Јанушев на предизборните собири, верувајте во она што ви го говорат неговите бивши и сегашни шефови, па најверојатно, ако нели имате среќа, ќе избегнете бокс, ќе немате дефект од ЕСМ, а можеби и лифт ќе викнете кој ќе ве однесе некаде, баш онаму каде што тие сакаат да ве однесат – каде ќе ве убедат дека „сите се исти“.

Но, тука Јанушев и неговите ја направиле погрешната пресметка, а најизвесно е дека тоа ќе им се потврди после 15 јули – овој народ знае да прости каде што е за простување, но добро памти и знае што е непростиво.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk