Проектот на ВМРО ДПМНЕ „АРМ мој вистински дом“ е скандалозна манипулација со старешините во македонската армија. Од 2009-тата кога за прв пат го најави министерот за одбрана, Зоран Коњановски, па се до последната изборна програма на ВМРО ДПМНЕ која се однесуваше од изборите во 2016-та до 2020-та година.
10 години партијата на Никола Груевски подигала рејтинг за гласови преку проектот, особено во армиските редови со ветување станови и куќи по пониски цени за вработените. Низ годините се покажа дека целиот проект е манипулација и постои само на хартија и дека реално на терен не се постави ниту еден камен темелник, не па да се изгради станбен објект.
Практично, министрите за одбрана на ВМРО ДПМНЕ, Коњановски, потоа и Зоран Јолевски како да правеле се само проектот да не успее. Потпишувале договори, заверувале документи, утврдиле квадратура на станови и нивната вредност, но на ниту една од неколкуте планирани локации не се постави ниту цигла.
За целата содржина од истражувачката сторија на Љубиша Арсиќ за Нова ТВ, одете тука.