ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Тоа што Мисајловски не дојде и на оваа дебата значи дека нивниот концепт е продолжување на режимот

Тој кажа и дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски покажал несериозност, со одењето во теретана, во ресторан, кога тоа не беше препорачано.

July 8, 2020 20:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски оцени дека отсуството од второто соочување од страна на неговиот противкандидат во ИЕ 2 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој требаше да се случи вечерва, е потврда дека „концептот на опозицијата е режимот“.

-Вечерва сметав дека заедно со Мисајловски ќе бидеме да ги соочиме аргументите на ниво на концепти, тоа што не дојде и на оваа дебата дава за право да констатираме дека продолжување на режимот е нивниот концепт и претходно бегаа од дебата и соочувања и сега тоа го прават, рече Спасовски, на гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Според него, ако имавте 11 години во кои што избегнуваа на кој било начин да се соочат со кој било претставник на тогашната опозиција за да видиме што е добро во државата, а што е лошо, кои се визиите и концептот за оваа држава, сега, вели, кога имаме држава која што стана членка на НАТО која ги отвора преговорите со ЕУ, во која сите сме слободни, владее демократија поголема е обврската на секој од политичарите да дебатира и на основа на концепции и програма да им понудиме на граѓаните да изберат.

-Затоа ние со право велиме дека на овие избори нема избор. Едната опција е коалицијата Можеме предводена од СДСМ која што гарантира една јасна перспектива, јасна визија за тоа што е направено до сега, меѓутоа и јасна перспектива каде треба да се движи државата. И второт е сигурно опасност, враѓање назад, во режимот, рече Спасовски.

Според известувањето дојдено од ВМРО-ДПМНЕ, како што беше кажано во емисијата, отсуството на Мисајловски од вечерашната дебата било поради партиски обврски.

Во однос на можноста од нови рестрикции поради корона кризата, Спасовски оцени дека нема основ за тоа и дека доволно е да се почитуваат мерките.

-Има опаѓачки бројки во врска со бројот на заболени. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме. Носиме мерки да помогнеме да не се шири вирусот, работиме на свеста на граѓаните за почитување на мерките. Немаме основа да носиме драстични рестриктивни мерки. Таквите мерки дадоа резултати, сега мерките се таргетирани. Потребно е почитување на мерките, носење маска и држење дистанца, вели Спасовски.

Тој кажа и дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски покажал несериозност, со, вели, одењето во теретана, во ресторан, кога тоа не беше препорачано.

-Важно е да сме одговорни. Дали ние бевме во теретана или ресторан? Ние сме работно ангажирани и тоа е сосема друго, рече Спасовски.

Порача и дека гласањето е безбедно и оти е многу важно граѓаните да излезат да гласаат и да изберат Влада која ќе се справува со здравствено-економската криза

-Ја имаме оваа здравствена и економска криза која ќе трае. Се виде во минатото колку е важно да имаме функционални институции. Собрание кое ќе носи одлуки, ќе менува закони, ќе има контролна улога. Многу е важно граѓаните да ја преземат и судбината и одговорноста во свои раце за Владата која во следните четири години ќе се справува со кризата. Не можеме постојано да функционираме во вонредна состојба. Протоколите се направени, заштитните средства се обезбедени од државата. Денеска во ДИК е направена и симулација како ќе изгледа гласањето, тоа е сосема безбедно по здравјето и животот на граѓаните. Ништо не е побезбедно да одите во продавница, банка, пошта, автобус, вели Спасовски.

Тој ги повика сите граѓани да излезат и да гласаат, да носат заштитна опрема и да ѝ помогнат на државата со тоа што ќе гласаат./МИА/

Next Post

Филипче: Денес имаме рекорден број од 230 оздравени лица

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk