ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски од Куманово: Во наредниот четиригодишен мандат – економско унапредување на државата

Можевме и ние да правиме само кампањи и гола пропаганда како режимот, но од тоа не се живее подобро, а и ќе немавме време да сработиме се што е сработено, рече Спасовски.

July 12, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Носителот во ИЕ2 од СДСМ, Оливер Спасовски денеска оствари средби со граѓани од Куманово и населените места, на кои истакна дека последниве три години решени се најтешките прашања, земјата влезе во НАТО, почнуваат преговорите со СДСМ.

Осврнувајќи се на економијата, тој истакна дека е решено прашањето на стечајците кои примаат месечен надоместок од 8.000 денари, зголемена е просечната плата од   22.300 на 27.500, минималната плата  од 9.000 на 14.500, социјалната помош е зголемена за 300 проценти, зголемена е платата во повеќе сектори во неколку наврати.
– Можевме и ние да правиме само кампањи и гола пропаганда како режимот, но од тоа не се живее подобро, а и ќе немавме време да сработиме се што е сработено, рече Спасовски.
Проектот враќање на парите кај граѓаните, нагласи, секојдневно дава резултати и по многу основи парите се слеваат повторно кај граѓаните. Тој рече дека противниците се смееле на повратот на ДДВ, а сега сите граѓани скенираат и го надополнуваат буџетот, а најави и зголемување на месечниот лимит од 600 на 800 денари.
– СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.  ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, рече Спасовски.
Тој за новиот четиригодишен мандат вети дека ќе биде целосно посветен на економско унапредување на државата, мандат на сигурност и просперитет. Тој најави  минимална плата до 20.000 денари, просечна плата до 34.000 денари до крајот на мандатот, 600 милиони евра поддршка на домашните и странските претпријатија, 1 милијарда евра странски инвестиции, што ќе го зголеми животниот стандард. Спасовски најави натамошна грижа за здравјето на граѓаните и за нивната егзистенција дома и на работните места, како и поддршка на бизнисите и економијата во услови на светската здравствена криза.

– Затоа на 15 јули излезете на гласање и гласајте за СДСМ и за сигурност. Не смееме да си дозволиме Влада на ВМРО-ДПМНЕ којашто носи опасност, порача Спасовски од средбите со граѓаните во Куманово, изразувајќи уверување дека граѓаните ќе изберат да продолжат да живеат во фер, праведно и правично општество и дека обнова на режимот нема да има./МИА/

Next Post

Близу милион евра од државата профитирале хидроцентралите на Мицкоски, оние на Камчев над 33 милиони евра, за нив парите се единствен приоритет

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk