Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред Covid-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани, напиша во пост на Фејсбук министерката Ангеловска.
Просечната исплатена нето-плата е повисока и за 560 денари во однос на април 2020.
Од почетокот на Covid-19 кризата Владата презема повеќе мерки за зачувување на работните места и одржување на нивото на платите.
Конкретно, во мај:
Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени
Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност
Со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми
Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата, продолжи и во јуни, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност, истакнува министерката за финансии, Нина Ангеловска.