ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Арсовска: Неопходна е соработка на приватниот и јавниот сектор за поголема доверба во институциите

July 22, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Имплементирање мултирателарен систем за олеснување на трговијата и на инвестициите, воспоставување контролиран раст на е-трговијата преку посебни договори со особено внимание за потребите на микро, малите и средните компании, олеснување на пристапот до финансирање на трговијата, поддршка на извозот на услуги во секторите поврзани со туризмот кои се најзагрозени, како и поттикнување иновации и развој на дигитални технологии, се само некои од препораките на Меѓународната советодавна група за економски политики кои ќе им бидат испорачани на лидерите на владите на Г20, со цел ублажување на последиците од КОВИД-пандемијата.

Дел од интернационалната советодавна група која заседаваше утрово, е и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, како меѓународен експерт.

Арсовска на е-конференцијата порача дека е неопходна соработка на приватниот и јавниот сектор за да се создаде деловен амбиент кој ќе поттикнува зголемување на интегритетот и на довербата во институциите, во насока на постигнување економски просперитет.

– Согласно прецизно востановен стратешки план, ќе се имплеметира мултирателарен систем за олеснување на трговијата и на инвестициите за развој. Второ, ќе се посвети особено внимание на воспоставување контролиран раст на е-трговијата преку посебни договори со особено внимание за потребите на микро, малите и средните компании, односно за претприемачите. Трето, олеснување на пристапот до финансирање на трговијата и поддршка на извозот на услуги во секторите поврзани со туризмот кои се најзагрозени во моментов, поттикнување на иновации и развој на дигитални технологии. Четвртата препорака се однесува на промоција на одржлива трговија и инвестиции со акцент на имплементација на нови технологии, преку трговски политики компатибилни со правилата на Светската трговска организација, со цел да се постигне транзиција кон одржлив економски разв, рече Арсовска.

Таа потенцира и дека препораките не се насочени само кон владите на земјите од Г20, туку и глабално, бидејќи нивната имплементација може да даде поефикасна поддршка на приватниот сектор за време на криза, заштита на економијата и подготовка за идните предизвици.

Според претседавачот на советодавната група, Лубна Олајан, ова е можност да се поттикнат препораки за политиките кои промовираат глобална посветеност кон мултилатерализам и либерализација на трговијата, како клучни столбови за фер и отворена меѓународна трговија и инвестиции.

Меѓународната советодавна група од почетокот на годината работи на подготовка на економските политики и препораки, а денеска на е- конференцијата ги финализираше. Нејзини членови се и Томас Донохју, претседател и извршен директор на Американската стопанска комора и Еверет Ајсенштат потпретседател на Генерал Моторс од САД.

Финалниот документ содржи четири клучни препораки за зајакнување на довербата во глобалниот систем за трговија и инвестиции.

Покрај Арсовска членови на меѓународната експертска група која го креираше овој финален сет на мерки за економски политики се и лидерите на деловните заедници на САД, Кина, Германија и на Франција.

Next Post

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk