ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Прашања до Апасиев како мисли да го спроведе стрелањето

July 23, 2020 17:15
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

До политичката партија Левица денеска испратив една љубезна молба за одговор на неколку прашања за кои јавноста има право да очекува појасни и попрецизни одговори. Моето долгогодишното искуство со оваа ултра десна Левица се заснова на речиси секојдневни изрази на омраза кон мене и моите другарки и другари, па така, мислам дека не е неосновано да ги поставам овие прашања меѓу кои има и такви со безмалку техничко-административна природа. Да знам, да се спремам соодветно за стрелањето што беше првото постизборно ветување на лидерот на црнокошулашите.

Да, се работи за изјавата на социјалните мрежи „Сите ќе ве стреламе“ (16.07.2020) од Димитар Апасиев, кој доби пратеничко место во Собранието на Република Северна Македонија. Денеска се обратив на мејловите истакнати на веб страницата и лицето за контакт наведено таму, Јована Мојсовска, која ја замолив да му ги пренесе следните прашања на својот шеф:

Кого точно имате намера да стрелате и на кој начин?

Кои се обвиненијата под кои ќе стрелате луѓе и кој, во која процедура ги донесе тие пресуди?

Дали Вашиот суд подразбира и можност за жалба и во кој рок, под кои услови?

Дали планирате да стрелате со пушки, пиштоли или со автоматско оружје?

Дали во Вашата партија има лица што се вооружени?

Ако во Вашата партија има лица што се вооружени, Ве молиме да ни одговорите: со кој тип на оружје располагаат и дали имаат дозволи за поседување на огнено оружје?

Ако не поседувате оружје за стрелањето на осудениците во моментов, како и од каде планирате да го набавите потребното оружје за извршување на егзекуциите?

Дали стрелањето ќе го изведат стрелачки водови и како ги формирате?

Дали стрелањето планирате да го извршите јавно?

Ако стрелањето планирате да го извршите јавно, дали ќе ги принудите децата и семејствата на стреланите да посведочат на погубувањето на нивните блиски?

Ако стрелањето не планирате да го извршите јавно, каде мислите да ги стрелате луѓето што ќе ги осудите на смрт со стрелање?

Дали имате план за изградба на капацитети за стрелање на осудениците и како ќе ги нарекувате тие објекти?

Дали, откако ќе се спроведе стрелањето, ќе поминете Вие, како лидер на партијата и ќе испукате еден или повеќе куршуми во главата на осудените?

Дали овие наредби ќе ги издадете или, евентуално, самите ќе ги спроведете во својство на партиски лидер, пратеник во Собранието или како професор по правни науки?

Дали, сепак, стрелањето ќе се спроведе на голем број луѓе, така што стрелањето ќе има индустриски размери, без ваше физичко учество, туку само како наредбодавец?

Дали, откако ќе ги стрелате луѓето, ќе се погрижите телата на убиените да ги вратите на семејствата за да ги погребаат посмртните останки на своите блиски?

Дали, како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, ќе работите на носење закон за стрелање на лицата што Вие ќе ги осудите, а потоа ќе го спроведете своето постизборно ветување или планирате тоа да го изведете надвор од законските рамки?

Дајте ни повеќе детали за Вашата замисла која ја соопштивте на социјалните мрежи, еден ден по изборите, кога стана јасно дека ќе бидете пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

Дали во Вашата партија постои согласност и документација околу овој план, односно дали целата партија е обединета во идејата изразена во Вашата изјава „Сите ќе ве стреламе“?

Се надевам на брз одговор од Ваша страна. Ви благодарам.

Овие прашања му ги поставив на крајно бескрупулозен мразач кој со години ја злоупотребува својата позиција на универзитетски професор по правни науки. Воедно, овие прашања му ги поставив и на новопечен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија кој за таа функција ќе добива илјада и кусур евра наши заеднички пари.

Му ги поставив прашањата на некој што од парите на граѓанките и граѓаните доби 300.000 евра во изминатите три години, за да ја гради својата мала, но ултра радикална идеолошка империја и да го полни својот џеб. И притоа вели дека ќе стрела. Професор по право е. Треба ли уште да набројувам причини зошто мислам дека овие прашања се важни, а уште поважно е да се освести и да одговори на овие прашања?

Очајнички се трудеше да излезе од длабоката сенка на паланечко професорче-политичарче. Го оствари својот сон. Сега треба да се соочи со одговорностите што ги носат функциите. И професорската и пратеничката. Не може да бара да важат едни закони за него, а за сè друго да вели дека не важи. Тоа, едноставно, не оди така во 21-от век.


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk