ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија избрана за членка на Комисијата за социјален развој на ОН

July 23, 2020 16:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите членки на Економско-социјалниот комитет на Обединетите нации (ЕКОСОК) во вторникот со акламација ја избраа Република Северна Македонија за членка на Комисијата за социјален развој на Организацијата на Обединетите нации, за периодот 2020 – 2024 година.

Комисијата за социјален развој е една од десетте функционални комисии формирани од страна на ЕКОСОК. Како советодавно тело, одговорно е за имплементација на целите на социјалниот развој на глобално ниво и е клучното тело на ОН надлежно за следење и спроведување на Копенхагеншката декларација и Програмата за акција. Се состои од 46 члена избрани врз основа на правична географска дистрибуција на земјите членки на ОН.

Како што соопшти МНР, Северна Македонија е меѓу петте земји членки од источно-европската група, а во моментов членки од истата група се и Руската Федерација, Украина, Романија и Бугарија.

– Изборот е признание за постигнувањата на Северна Македонија во изминатиот период кои се на линија на целите од Копенхаген, особено создавањето на економска, политичка, културна и правна рамка за постигнување на социјален развој на поединецот, намалувањето на сиромаштијата и социјалната кохезија, зголемувањето на вработеноста, социјалната интеграција засонована на човекови права, постигнувањето на родова еднаквост, како и развојот на образованието и здравствената заштита, стои во соопштението на МНР.

Членството на Северна Македонија во оваа Комисија ќе биде можност за поширока меѓународна промоција на овие постигнувања, како и за придонес во зајакнувањето на меѓународните напори за имплементација на Агендата 2030 и целите на одржливиот развој, додава Министерството за надворешни работи. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Антикорупциска бара преиспитување на постапката за избор на членови во УО на КХВ, и прекршочен налог за директорот на Агенцијата за филм

НАЈНОВО

Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаеето е сила знаењето е моќ“

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk