Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата, говореше за „Праведен даночен систем“ со кој се најавуваат промени во даночната сфера.
Прогресивниот данок на доход ќе биде ставен во мирување до 1.1.2023 година.
Како што истакна министерката Ангеловска, анализата на ефектите од воведување на прогресијата кај данокот на личен доход покажала дека ефектите од прогресивниот и повисок данок на личен доход засега се незначителни.
Предвидени се и дополнителни промени кај: данокот од капитални добивки на хартии од вредност и данок на доход од камати на депозити.
Ангеловска нагласи дека данокот од капитални добивки на хартии од вредност се одложува за 36 месеци, а исто така за 36 месеци се одложува и данок на доход од камати на депозитите.
Исто така министерката Ангеловска презентираше и подвлече дека врз основа на направените анализи одлучено е ДДВ прагот на претпријатијата да биде 2 милиони денари. Досегашниот ДДВ праг беше 1 милион денари и претежно малите и микро претпријатија имаа сериозни забелешки на овој праг.
Мерката за ДДВ прагот од 2 милиони денари стапува на сила од 1.1.2020 година.
Ј.Ѓ