пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Наќе Чулев, изборот од Христијан Мицкоски за технички министер во преодната влада, заминува од челната позиција на МВР.
– Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори. Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици, напиша на Фејсбук ексминистерот за внатрешни Наќе Чулев.
И мора да се сложиме со ексминистерот Чулев дека периодов на негово раководење со МВР го поминавме фантастично турбулентно и прилично специфично.
Но, како почна.
Премиерот Заев според Пржинскиот договор ја напушти функцијата, а техничкиот премиер Оливер Спасовски ја обзнани новата Влада во која министер на МВР „ни крив ни должен“ беше поставен и Наќе Чулев. Тој доаѓа од Агенцијата за разузнавање, каде беше раководител во Агенцијата во време на груевизмот и „Диво насеље“ во 2015.
Првата одлука на техничкиот министер Чулев беше поништувањето на сите прераспределби на полициски службеници за кои имаше донесено одлука министерот Оливер Спасовски,и поставување на свои
Втора одлука која создаде хаос во МВР беше таа за одземање на 35 автомобили кои се од авто паркот на МВР, а се распределени во влада и други институции за чија безбедност одговорно е МВР. На таа листа беа возилата кои се користат за обезбедување на премиерот Оливер Спасовски и единственото на заменичката на МВР. Освен нив Чулев во списокот на автомобили кои ги бараше да се вратат назад во МВР е и автомобилот кој го користи Претседателот Стево Пендаровски.
Одма после тоа Чулев донесе одлука која уште повеќе го зајакна стравот во јавноста и сомнежите за функционалноста на МВР – за Началник на СВР Скопје, Чулев го предложи Ристо Ставревски, поранешен советник на екс-министерката Гордана Јанкуловска со која е вмешан во случаите Титаник и Тенк, а се слуша и на бомбите како зборува со неговата шефица токму на тема “изборни манипулации”
По 10 дена раководење на МВР од кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку дена порасна бројот на закани од страна на националисти и насилници. За само еден ден закани добија една новинарка, еден градоначалник и екипата на ЦИВИЛ.
Според пријавата од граѓани, техничкиот министер Чулев ја искористи службената посета на Штип за организирана партиска средба со активисти и раководители на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во втората граѓанска пријава се говори за тоа дека во текот на вчерашниот ден Штип бил под опсада. „Луѓето се револтирани. Таман заборавивме на сето претерување и аздисаност“ – се вели во реакцијата на една граѓанка.
Наќе Чулев, во својот кабинет се обиде да го смести и советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски. Алексовски со години беше десна рака на Иванов, а низ сведочења за процесот за 27 април јавноста можеше да слушне и за неговата улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток.
Успеа министерот Отсјај да направи циркус и со пасошите.
Се сеќаваме и на – Денес МВР на чело со Чулев, заплени 1,3 тони кокаин, најмногу досега во Македонија, за потоа да се установи дека фактички станува збор за 1,3 килограми а не тони кокаин. Сеирџиски наслов, непроверени факти и едно големо – пуф!
Наќе Чулев никаде го нема на координација во Кризен штаб и во Влада, но прв е да се слика за своите пи-ар потреби. Во тоа време кога во Кризниот штаб и во Владата секој ден се дискутираа и се носеа важни одлуки за управувањето на државата во време на вонредна состојба. Чулев малку и ретко учествува во дискусиите и носењето на одлуките и тогаш кога се појавува, но затоа кога треба да се прими помош од сестринските му пријатели е прв на аеродром.
Поради неспособноста на Чулев во пандемија ни се случува оро во Гевгелија на сред полициски час, а на тоа ќе реагира полицијата после којзнае колку време откако целата лакрдија веќе е завршена и е загрозено здравјето на цел еден град. Ако ви треба Чулев, побарајте го на аеродром, сигурно чека помош од Орбан или од Јанша, од Путин или од кинезите! – во шега коментираат на социјалните мрежи.
Потоа следеа бисерите кои ќе го одбележат владеењето на Чулев со МВР засекогаш. Случајот кога Мицкоски пак е уловен од камери како си оди од теретана. И Ивица Бисоски, од јануари назначен за командир на ЕСЗ Тигар при МВР од страна на министерот Наќе Чулев е на видео снимката. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека се работти за снимка за време на мерките за забрана. И тогаш следува легендарната изјава на Чулев:
Не биле тоа ракавици на рацете од телохранителите во теретаната каде што е фатен Мицкоски, вели Наќе Чулев. Тоа, вели, било отсјајот во теретаната и нам тоа само ни правело привид како да носат хируршки ракавици. Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па како што кажа и самиот се јавувал во внатрешна контрола за случајот „Теретана“. За Чулев тоа не беше вршење на притисок, туку сосема нормално.
Не многу после тоа следи полицискиот упад во магацините со донации од Заеви, во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини. Волонтерите биле држени во полиција до 4 часот утрото. Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, рече дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви.
Следеше снимањето на спотот со полициските возила, кој патем и плагијат излезе дека е на еден сличен спот во „режија“ на Ердоган. Во услови на вонредна состојба и полициски час, Чулев од терен повлече од терен 80-тина полициски возила и најмалку стотина полицајци за да сними спот. Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот, праша тогаш заменичката министерка Славјанка Петровска.
Чулев и неговите светлечки афинитети за себепромоција уште наредниот ден направија и друг инцидент. На една од показните вежби каде што специјалните сили со смислено сценарио демонстрираа како изгледа напад и одбрана од непријател. Една од димните бомби заврши на трибините каде што седеа дипломатите. Тие се разбегаа, а непоканети на ујдурмата се најдоа и гостите, а и новинарските екипи кои го следеа настанот.
Струга 7 мај. Главните препораки против пандемијата на Ковид-19 се држење на растојание на минимум 1.5 метра и покривање на носот и устата (маска, шал). Во меѓувреме во сила е и забрана за секакви собири со повеќе луѓе. Во Струга се одржа Литија на која присуствуваа повеќе стотици граѓани. Полицијата беше присутна на настанот и воопшто не реагираше. ОЈО отвори предмет за Литијата, Чулев повторно никде го немаше.
Следеше и играњето ора пред религиозни објекти за време на муслимански празник во некои делови од Скопје, исто така за време на полициски час.
Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата Наќе Чулев, во време на епидемија со коронавирусот, се однесува неодговорно и несериозно и согласно неговата функција крајно опасно, велејќи дека нема намера да казнува граѓани за непочитување на мерките, туку само да опоменува.
Инцидентот во село Куклица, кога група полициски службеници правеле журка, е само еден од низата кој нè потсетува на МВРО времето. На журката присуствувале 7 полицајци, а имало и уште неколку други граѓани. Поради бучавата што ја правеле полицајците, граѓаните пријавиле во полицијата. Полицијата реагирала, но полициските службеници присутни на журката одбивале да се смират и се спротивставиле на приведувањето. Тогаш, на помош биле повикани и специјалците од Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
За епизодата со Мицкоски во угостителскиот објект „Чардак“ на Боемска улица во Скопје, за спречување на инспекторите да влезат и нереагирањето на полицијата и за сета шарада што потоа следуваше од извинување, до тоа дека на Мицкоски не му било познато дека не треба да е во затворен дел од кафана за време кога тоа на цела јавност и е познато, треба ли да се потсетуваме.
За тоа како Чулев сакаше во МВР да вработи лице по кое своевремено истрага водело американското ФБИ и македонската полиција, е епизода која не се знае со каков епилог заврши.
Сојузот на синдикати на Македонија обвини дека Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.
И се редеа серија инциденти каде Наќе Чулев беше во главна или во споредна улога за пред некој ден, Чулев ја информираше јавноста преку МИА дека ја прифатил „најстрогата дисциплинска мерка“ изречена за неговиот советник Зоран Ѓорѓевски-Чикаш. Причината за дисциплинската постапка беше што Ѓорѓевски, на денот на изборите, го нападна началникот на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово. И си велиш, види бога ти, бар на крај ќе си замине така со една чесна одлука. Oдма после тоа извори на Телма јавуваат дека советникот Ѓоргевски е казнет со 15% намалена плата во наредните 6 месеци. Насилниот советник беше суспендиран само еден ден.
Ако навистина насилникот советник на Чулев е казнет со само еден ден суспензија, кој на очиглед на цела јавност му се заканува на униформиран полицаец командир со најпогрдни зборови, отприлика така веродостојно и бедно го заокружуваме безмалку осуммесечното шерифување на Наќе Чулев со МВР.